На скопскиот аеродром фатени шест лица од неколку земји со лажни ПЦР тестови

Шест лица од четири држави вчера биле затекнати на скпскиот аеродром, приложувајќи фалсификувани ПЦР тестови.

Во првиот случај, приведени се Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, Тетовско.

Со лажен ПЦР тест вчера се обидела да ја премине границата и 21-годишнна девојка од Казахстан, како и двајца косовски државјани.

Фалсификуван тест на аеродромот доставил и 50-годишник од Турција.

Сите тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, соопшти полицијата.