На скопска тура за незаборавна авантура

Се впуштаме во забавна авантура каква што досега немало. Барем така мислиме. Можеби имало во минатото. За да знаеме што се случувало некогаш, мора тоа да го доживееме сега! Затоа дојдете во понеделник на нашата скопска тура! 

На 26.7. ве чекаме во 9 часот пред Триумфалната капија – заедно на најубавата обиколка низ градот!

На нашата обиколка на „Мистериозниот град под калето“ го покануваме секој кој сака да патува во времето. Временската машина е самата книга, а наши водичи се кои други, ако не Александра Тодоровиќ и јунаците кои живеат во нејзината книга. Заедно со нив ќе се качиме во автобусот на Триумфалната капија и ќе се упатиме на Кале.  Оттука ќе одиме во Мустафа-пашина џамија и Св. Спас. За сè да биде позабавно, ни треба мал одмор во Старата скопска чаршија за да се напиеме лимонада и да пробаме од вкусните бонбони во најпознатата продавница за слатки. Па на ред ќе дојдат Чифте Амам и Сули ан, а во меѓувреме не само слатктите, туку и игрите чекаат на нас! Иако патуваме назад во годините – игрите си постоеле отсекогаш!