На скопјанка и ја киднапирале ќерката пред нејзини очи

Во 19 часот и 45 минути во Полициската станица Тетово, 39-годишната Ф.С. од Скопје, со привремен престој во Тетово, пријавила дека истиот ден околу 19 часот кај неа дома дошол 38-годишниот Д.К.  од Тетово и насилно ја земал нејзината ќерка.

Се работи за 18-годишната Е.С. за која мајката се обидела да го спречи во намерата, но насилникот  ја удрил два пати по главата, ја внел Е.С. во неговото возило и ја однел кај него дома.

По преземени мерки, Д.К. и Е.С. биле пронајдени и однесени во СВР Тетово. За настанот е запознаен Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.