На скопјанка и го украле автомобилот додека купувала сендвич

Четириесет и осумгодишната М.С. од Скопје пријавила дека синоќа на улицата „Дебарца“ непознат сторител го одзел нејзиното патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки.

Додека таа купувала сендвич во сендвичара, а возилото било паркирано во непосредна близина, сторителот влегол во возилото, го стартувал на непознат начин и заминал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 240.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.