Скопјани едногласно велат дека се одлучуваат за Грција или Турција, бидејќи во нашите летувалишта им било скапо.

Скопјани за летување најчесто ги користат туристичките аранжмани на туристичките агенции, поради поволностите што тие ги нудат.

-Си ја сакам Македонија и македонските летувалишта. Но, сега ќе ви напаравам споредба. Пред две години бев на летување во Охрид со девојка ми. Плаќавме по 10 евра од човек, односно 20 евра од ден, за двајца. Да е скапо, скапо е. Лежалките ги плаќавме по, 400, 500, 600 денари, зависно од плажата. Езеро плус во прашање. Тоа беше баш во шпицот, почеток на август. Минатата година бевме во Бугарија. Сместувањ по 7 евра од човек, односно 14 за двајца. Лежалките не се плаќаат. Ги земаш со пијачки. Цените исти како во Скопје. Епа тоа е разликата. Таму е море, а во Охрди езеро. И секако се одлучуваш полесно за таму каде што е поубаво, раскажува Борче.

И од туристичките агнции велат дека многу ретко досега има заинтересирани за аранжман во македонските летувалишта. И оние кои одат, одат на сопствена, приватна режија.

-Многу често, луѓето кога ќе дојдат да тражат некоја понуда во агенцијата, ни велат Охрид е скап за езеро, дај ни нешто за Грција. Не знам по што се водат, раскажуваат од скоспка туристичка агенција.

За летување во Охрид, скопјани велат дека цените се пресудни.