На сите јавни чешми е забрането поење на домашни животни - на сопствениците им се заканува казна

Надлежните велат дека на сите јавни чешми најстрого е забрането поење на домашни животни, а на сопствениците им се заканува казна доколку го прекршуваат законот.

- Чешмички за домашните миленичиња има во парковите за миленици и во градскиот парк и во иднина се планира да се поставуваат во сите наменски паркови за рекреирање на домашните животни. На останатите јавни чешми најстрого е забрането поењето на домашните миленици и на сопствениците на животните им се заканува казна доколку го прекршуваат законот по овој основ, истакнаа од Градот.