
Докторот Ненад Лазаров, кој е прилично активен на социјалните мрежи и често говори на различни теми поврзани најчесто во областа на здравството и здравјето, денеска сподели шокантни детали во делот на демографијата.
Во Фејсбук објава, тој сподели дека лани во Германија биле родени 1.620 деца од родители со потекло од Македонија, додека лани во Македонија се родиле вкупно 16.061 деца, од кои 5.500 се родиле во Скопје.
„Лани во Германија се родени 1620 деца на родители од Македонија. (Destatis,05.06.2026) Лани во Македонија се родени 16.061, од кои 5500 во Скопје. Многу брзо ќе бидеме земја со повеќе народ во дијаспора него дома, симнете дресовите партиски и дајте сите ист дрес да облечеме- македонски, лошо ни се пишува“, гласи објавата на д-р Лазаров.
За споредба, оваа бројка на родени деца од македонски семејства во Германија претставува околу 10% од бројот на новородени деца во Македонија, односно околу 30% од бројот на новородени деца во Скопје.