На праг ни е врнежлива есен, но ќе уживаме уште во летото – еве какво време се очекува

Есента во Македонија се очекува да биде со просечна температура и количини врнежи во рамки на просекот од 1981 до 2010 година.

Според информацијата на УХМР, температурата од септември до ноември се очекува да биде со отстапување од плус/минус еден степен во однос на просекот. Средномесечната температура за септември-октомври-ноември 1981-2010 се движела во граници од околу 8 степени во планинските предели до 17,9 степени измерени во Гевгелија, а просечните есенски суми на врнежи се од 127 милиметри измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6 милиметри во Лазарополе.

Вообичаено просечно врнежлива есен се очекува и оваа година, но поголема процентуална веројатност за негативно отстапување, односно за појава на помали количини врнежи од просечните постои во западниот регион на Македонија.

Не се исклучува можноста кон крајот на септември и почетокот на октомври да има продолжеток на летото, потопол и сушен период.