На планината Водно и на кејот на реката Вардар се вајаат тела за грчките плажи

Летото и сончевите денови се пред нас, а главна преокупација овој период од годината е, како до извајано тело, кое гордо ќе се прошета по плажите. Теретаните и фитнес салите се празнат, а кејот на реката Вардар и планината Водно се се повеќе атрактивни локации.

Сончевите денови скопјани ги користат за спорт и рекреација, да трчаат и да вежбаат на справите на кејот на реката Вардар, да го искачуваат Водно, како и да возат велосипеди во околината на градот. На социјалните мрежи секојдневно се објавуваат фотографии преполното Водно и се пополниот кеј, а тоа е секогаш мотив за нови кандидати кои би се одлучиле за рекреација. Како што велат нашите соговорници, Градот Скопје нуди толкава убавина што е навистина штета да се затвориш во летните денови во теретана.
-Во зимскиот период секако дека ги посетувам теретаните, но веќе од месец Април се селам на кејот на реката Вардар. Таму трчам и вежбам на справите и верувајте нема поубаво на отворено да спортуваш. Ме радува тоа што од година в година се повеќе млади доаѓаат тука и спортуваат. Се запознаваме, се дружиме, разменуваме совети во врска со вежбањето и исхраната и навистина секогаш имаш да научиш нешто ново, вели Мартин.

Фитнес инструкторот Марко Г. за Скопјеинфо вели, дека со своите клиенти во сончевите денови работи на кејот на Вардар, а за викендите одат на Водно.

-Откако пред неколку години Градот го збогати кејот на реката Вардар со справи, стана практика откако ќе се затопли да продолжиме таму со вежбање. Во теретаните е топло, а клима-уредите не се баш најкорисни. Клиентите исто така сакаат кога вежбите почнуваат на отворено, некако се чуствуваат слободни и повеќе вложуваат во себе. Исто така, секој викенд го искачуваме Водно, а од годинава планирам да организирам и тури со велосипед во околината на Скопје. Градот треба да продолжи со инвестирање на реквизити кои ќе бидат достапни и бесплатни за граѓаните и на тој начин ќе стимулираат уште повеќе граѓани да спортуваат, потенцираше Марко.

Возачите на велосипеди имаат други барања, па така тие бараат поголема свесност кај останатите учесници во сообраќајот и повеќе услови за нив како ранлива група во сообраќајот.

-Потребни ни се повеќе велосипедски патеки во главниот град, бидејќи е навистина се чувствувам небезбедно кога сум дел од сообраќајот. Речиси секој викенд со велосипед одам на Водно, но додека да почнам да ја искачувам планината