На пет километри од центарот на Скопје живеат како на планина

Иако се на само 5 километри од Центарот на Скопје, жителите на населбата Каменик во Кисела Вода живеат како во планинско село. Два дена нема одговор од општината на нивните барања да испратат механизација.  

Мештаните велат дека пред локалните избори им ветувале дека улицата ќе биде асфалтирана. Ветувања добивале со години, но улицата наместо да добие асфалт од година во година станува поголем проблем.

Од општината, пак, се правдаат дека улицата била чистена и вчера, но и денеска. Работеле и на проектно техничка документација за санација на патот во Каменик.

Градоначалникот Филип Темелковски секогаш го исполнува ветеното и остваруваа редовни средби со граѓаните со цел подобрување на условите за живот во нивните населени места. Воедно нашите екипи веднаш по почетокот на снежните врнежи излегоа на терен и во текот на вчерашниот ден извршија расчистување на снегот од патот во Каменик. Расчистувањето на снегот и мразот во Кисела Вода се одвива и денеска, пишуваат во одоговоро од општината.