На паркинг изгореа три автомобили

Три возила во неисправа состојба изгореа на паркинг во Скопје.

На 01.01.2019 година во 04,30 часот во СВР-Скопје од Бригадата за противпожарна заштита пријавиле дека во депо на „Градски паркинг“ биле опожарени две хаварисани возила марка “Застава 101“ кои не биле во возна состојба. 

Наредниот ден пак, околу 18,45 часот  во Скопје, на паркинг на улица „Тале Христов“ опожарено било неисправно патничко моторно возило „Опел рекорд“ со скопски регистарски ознаки  сопственост на 52 - годишниот  С.Н од село Љуботен, кое подолго време било оставено на паркингот поради дефект.

Повредени лица нема. 

Извршен е увид а за двата настани.