Не објавувајте сториња од ноќниот живот, најголем дел од луѓето не ги интересира тоа

Најголемиот дел од луѓето, односно повеќе од 80% сметаат дека објавување на слики и видеа инста стори од ноќните клубови е досадна и незанимливa работа.  Ова го покажа краткото истражување кое на Инстаграм го спроведе Скопје Инфо, а во кое беа опфатени повеќе од 1000 корисници.

Фотографирањето и снимањетo во текот на вечерта може да биде многу забавно и добар начин да се уби досадата, но истовремено тоа може да биде  причина за помал број следбеници и пријатели на инстаграм.  Многу често сакајќи да постигнеме една цел и да покажеме дека имаме богат социјален живот несвесно правиме друга штета.

Светските истражувања покале дека колку често користите Инстаграм, може да биде показател за вашето ментално здравје.  Користејќи компјутерска програма, истражувачите од универзитетите Харвард и Вермонт анализирале повеќе од 43.000 објави на инстаграм од 166 корисници за откривање на тоа како луѓето со депресија ја користат апликацијата. Истражувањето покажува дека корисниците кои имаат проблем со депресија ја користат оваа социјална мрежа почесто од оние кои немале проблеми со менталното здравје. Тие исто така имале повеќе лица на нивните фотографии и со помала веројатност да користат филтри.