На неколку места во Кисела Вода водата не е исправна за пиење

Oд ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека следните примероци на мостра вода земени од страна на стручно лице од ЈЗУ Центар за јавно здравје во програма не одговараат на законските и стручни прописи заради:

– вода за пиење – каптиран извор – чешма во двор на црква Св.Ѓоргија – опш.Кисела Вода, не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен најверојатен број на колиформни бактерии.

– вода за пиење – водоводна мрежа – чешма во двор на црква Св.Руса – Пелинце – опш.Кисела Вода, не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Pseudomonas spp.

– вода за пиење – каптиран извор – чешма пред с.Долно Количани – опш.Кисела Вода, не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Escherichia Coli.

– вода за пиење – каптиран извор – чешма сред с.Драчево – опш.Кисела Вода, не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен најверојатен број на колиформни бактерии.

– вода за пиење – бушен бунар – чешма во с.Горњани – опш.Кисела Вода, не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Escherichia Coli.