„На нас од Драчево поблиску ќе ни биде со авион и во Гетеборг да се лечиме“

На површина од 90 хектари во општина Ѓорче Петров ќе биде лоциран новиот Клинички центар. Конечната одлука до крајот на месецот треба да ја донесе Владата, но според досегашните анализи и проценки на здравствените власти, местото  под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово било највисоко рангирано.

Новата локација предизвика дебата на социјалните мрежи, граѓаните коментираа дали новиот Клинички центар ќе биде полесно достапне како за скопјани така и за луѓето од внатрешноста:

Дејан Лазарески Змија, вели: „На нас од Драчево поблиску ќе ни биде со авион и во Гетеборг да си се лечиме“.

Мили Исмани, коментира: „А, што правевме до сега ние од Сарај?“

Маријан Илиев, вели: „На нас од истокот ни требаат 2 часа да стигнеме до Скопје па да ја бараме болницата,  дали треба се да биде во Скопје? Дајте нешто направете во Штип, Неготино, Велес, Струмица...па после загадено било Скопје епа еве дополнителни 100 возила секој ден ќе одат на Клиника“.

Љупчо Василевски, коментира: „Од оваа локација побргу ќе се стигне отколку до онаа каде што се наоѓа клиничкиот сега.“

Маријан Илиев, пишува: „Во ред е тоа,  но ако е толку загадено во Скопје зошто болните да ги праќаме таму нека се лечат во некоја чиста средина еве јас сум од Радовиш не ми смета да биде и во Велес или Штип , а на некој скопјани им смета што бил вон градот па ајде пред нос нека и ги изградат.“

Горан Горгиевски, пишува: „Најмило ми е за оние кои се од  Центар, затоа што за нив е Скопје само Центар, Капиштец, Дебар Маало се друго за нив е село и не ни знаат дека постојат други делови во Скопје“.

Наташа Пушова, вели: “Се прави во Ѓорче за да не има гужва низ градот, а тие што ќе доаѓаат од другите градови од обиколницата веднаш ќе бидат кај болницата.“

 – Правиме пределаборати и како ќе изгледа објектот, разговаравме со директори на клиниките што се им треба. Од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата и сме по потрага по партнери за кредитирање на новиот клинички. Имаме позитивни сигнали од банката при советот на Европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме, вели Филипче.

Самиот министер е убеден дека до 2020 година граѓаните ќе го добијат долго најавуваниот нов Клинички.