На наплатната станица „Гостивар“ паднаа дилери на дрога

Двајца гостиварци биле фатени со марихуана на наплатната рампа Гостивар.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(24) и Ф.Ј.(24), двајцата од Гостивар поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“.

Во 17,05 часот на автопатот Скопје – Тетово, на наплатна станица „Гостивар“, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко моторно возило управувано од второпријавениот, била пронајдена марихуана, која тој претходно ја набавил од првопријавениот.