На млад пациент во Психијатриска болница- Демир Хисар му пратиле дрога

Во пратка на пациент во психијатриска болница била пронајдена дрога. 

На 15.11.2022 во ОВР Демир Хисар, од Јавна здравствена установа Психијатриска болница- Демир Хисар било пријавено дека при контрола на пратка наменета за 20-годишен пациент од Охрид биле пронајдени марихуана и една таблета, соопшти полицијата. 

Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.