На местото на изгорената модуларна болница во Тетово ќе има паркинг

Во Клиничка болница Тетово по пуштањето во употреба на Ургентен центар, министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека наскоро ќе бидат завршени неколку проекти за подобро работење и поквалитетни услуги на граѓаните.

Министерот Меџити кажа дека ќе се реши и проблемот со недостиг на паркинг места.

-Го имаме истото решение како за Клиничкиот Центар, паркингот ќе биде кај што беше модуларната болница. Инфективно одделение, гледаме како можеме да го преместиме од таму зошто условите се многу лоши, кажа Меџити.