На Матка се одржа кино на отворено, доби многу аплаузи од инстаграм публиката

Матка отсекогаш била прекрасна дневна локација за многу скопјани но и туристи кои доаѓаат во Скопје, но овие денови таа се претвори во уште помагично место. 

Во склоп на Eho Mountain Film Festival како платформа за промовирање на планинската култура, овие денови под самата брана се одржа и кино на отворено, во кое посетителите можеа да уживаат во филмски изданија прикажани под ѕвезденото небо. Настанот беше вистинско пријатно изненадување за сите нас и доби голем број аплаузи помеѓи публиката на нашиот инстаграм профил

Вчера на Матка, успеавме да го реализираме нашето прво кино на локацијата под браната - наш долго сонуван проект, напишаа организаторите на својот инстаграм профил.