На „Лузер фест“ во сабота ќе настапат 8 финалисти

Лузер Фест - вечерта посветена на новата музика од македонската сцена се враќа повторно во офф-програмата на ТАКСИРАТ како предвесник на главната вечер на Фестивалот.

-Речиси 20 години оваа фестивалска вечер се одржува ставајќи го фокусот на младите музички изведувачи, давајќи им можност и поттик да ги покажат своите таленти и да продолжат професионално да ја градат својата музичка кариера - велат организаторите.

Од сите пријавени артисти на отворениот конкурс, селектирани се 8 финалисти кои ќе настапат во живо на Лузер Фест на 3 декември во скопскиот Младински Културен Центар со почеток од 20 часот. Избрани се:

-БЕСЕДА

-HALFGOD

-ЕНДЕМСКИ ВИД

-RUSTSTAINED

-ОЛОВНА РЕСТРИКЦИЈА

-MENZEL

-JEFF BAHAMI

-ХАРАКИРИ

„На концертната вечер ќе биде избран и победникот, заеднички според гласовите на публиката и на жирито кое пак се објавува непосредно пред одржувањето на настанот. За најдобриот следува награда - снимање и издавање на студиски албум. Албумот ќе биде снимен во професионално музичко студио, а објавен под етикетата на Пасворд Продакшн“, информираат од Лузер фест.