На луѓето околу тебе никогаш ништо не им чини

Има еден многу интересен синдром. На луѓето околу тебе никогаш ништо не им чини:

Кога зборуваш за своите падови, пропусти и лоши денови – тоа ги заморува, ги потсетува на нивните падови и ти замеруваат затоа што си преотворен и дека тоа никој не се интересира за тоа.

Кога ништо не им кажуваш и не коментираш – тогаш си мистериозен, превртлив, неискрен и незгоден, затоа што наводно не знаат што мислиш и самите си носат заклучок за тебе.

Кога целосно ќе им се отвориш, тогаш си чуден и тоа прави да им биде незгодно. И тогаш не знаат што да кажат.

Кога им зборуваш за болести, тоа ги нервира, затоа што не знаат како да се постават. Затоа што болеста всушност е страв и неизвесност и сите сакаат да живеат, никој не сака да умре.

Кога ќе им ја кажеш вистината за нешто, тогаш си невоспитан, затоа што сите ја сакаат вистината, ама само во теорија.

Кога ќе доживееш успех и кога ќе сакаш да го споделиш со другите, тоа најтешко го прифаќаат. Глумат дека се радуваат, но всушност се нервираат.

Ако имаш љубов, среќа и задоволство во семејството и сакаш да го споделиш тоа со другите, тогаш велат дека глумиш и криеш нешто, а се правиш дека си среќен.

На крајот сфаќаш дека сите тие реакции немаат врска со тебе и со твојата состојба, туку се исклучиво поврзани со тие луѓе и нивната животна состојба.