На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице...

На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице, само е потребно доволно долго да набљудуваш. На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице, затоа што човек се уморува од сите работи во својот живот, се уморува од одење кон своите цели, се уморува од умилувања, се уморува од светот кој не е онаков каков што тој очекувал. А најмногу од сѐ се уморува од ставање маски на лицето и има силна потреба да ја тргне маската од лицето за неговото лице и душа конечно да земат здив. 

На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице и често тоа се случува во моментот кога не го очекуваш тоа. Затоа што човек се уморува од падови и докажувања дека е совршен, се уморува од глумење позитивност во тешки моменти, се уморува од грижите кои не му донеле ништо добро. А најмногу се уморува од луѓето кои му оделе на нерви, луѓе кои биле негова копија, кои по секоја цена сакале нешто од него и играле игри за да го добијат тоа. 

На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице и тоа често е и порано отколку што очекуваш. Затоа што човек се уморува од зборување за другите, се уморува од бутање нос во туѓи животи, се уморува од тоа што не бил таков каков што мислел дека ќе биде и му доаѓа преку глава од сѐ. А најмногу се уморува од самиот себеси, од бескрајно истите разговори кои ги води сам со себе, од истите очекувања и разочарувања, од истите бегства од себеси и од другите, а нема каде и нема кому да се обрати. 

На крајот сите го покажуваат своето вистинско лице, лице кое било полно со шминка. Сите се уморуваат кога ќе заврши претставата и кога повеќе никому не треба ништо да докажуваат, ниту да покажуваат. Се уморуваат кога ќе го добијат она што требале да го добијат и кога ќе сфатат дека улогата која ја играле не вредела толку.

Но, што да се прави, една претстава завршува, а започнува некоја сосема друга претстава и друга улога која овојпат треба да ја игра помудро. 

Животот е таков – сите на крајот го покажуваат своето вистински лице, а потоа сфаќаш кои се актерите, а кои се вистинските луѓе.