На крајот, сфаќаш дека мирот во тебе е многу подраг од привремени луѓе и работи...

 

На крај, конечно доаѓа време кога престануваш да се кршиш себеси и да се обидуваш некому нешто да докажеш, почнуваш со насмевка да го гледаш светот и неговото лудило, не трчаш за да ги направиш другите среќни, не трчаш да делиш совети, да осудуваш или да спасуваш некого, престануваш да одговара на повиците на луѓето кои не те интересираат, повеќе гледаш во небото отколку во тоа кој што прави и како живее, се обидуваш да се сетиш на она што тебе те инспирира без оглед на околностите. 

Не се извинуваш, не се објаснуваш, не се расправаш, не губиш време на неинтересното и привременото, а во себеси пронаоѓаш неверојатна смиреност и многу работи кои порано не си ги приметувал во својата потрага да се вклопиш во нечии идеи или да исполниш нечии очекувања. 

Мирот во тебе ти е подраг од сите искушенија и привремени задоволства. Многу е подраг од привремените луѓе и привремените работи.