На концертот на Дејвид Гета во Скопје – најпрестижниот звучен систем на светот

Со настапот на мегапопуларниот диџеј Дејвид Гета вечерва започнува фестивалот Skopje Calling во организација на Авалон продукција,  фестивал кој со сигурност ќе ја вброи Македонија на мапата на светските музички настани. За прв пат во Европа на фестивалот Skopje Calling ќе биде инсталиран најпрестижниот звучен систем на светот, вели Џејмс Бамлет.

Ова е прв пат во Европа концерт на едно вакво високо ниво со уметник како Дејвид Гета што е навистина добро искуство за нас. Станува збор за звучниот систем EAW ANYA кој овозможува на сите делови од просторот да се дистрибуира еднаква силина на звукот и секој посетител има подеднакво уживање без оглед на позицијата, вели Џејмс Бамлет.

Големиот интерес за вечерашниот концерт е само потврда дека фестивалот Skopje Calling го отвoраме во најдобро светло со мегапопуларниот Дејвид Гета кој несомнено се вбројува во најпознатите светски диџеи на денешницата, вели Денис Илиоски од Авалон продукција.  

Доаѓа публика од целиот регион, буквално нема соседна држава од Македонија од каде немаме продажба на карти, бидејќи се очекува преку 10.000 луѓе да дојдат што навистина фантастично за нашата држава воопшто. 150 квадратни метри ЛЕД екрани, ласери се носат од Чешка, звук од Америка и вечер ќе биде фантастично како секој голем светски фестивал, додава Илиоски.

И покрај најавите на метереолозите за можни врнежи концертот на Дејвид Гета ќе се одржи велат организаторите .

Подготвени сме на се овој концерт да се одржи, додава Ивана Нолчева Плавевска од Авалон продукција.

На светската музичка сцена Дејвид Гета и како диџеј и како продуцент урна многу рекорди. Неговите соработки со Риајна, Мадона, Кел Роланд, Сиа, Лејди Гага, Бритни Спирс, Ники Минаж и уште многу други, станаа светски хитови.

Дејвид Гета шест пати беше  номиниран за наградата Греми, а ја има освоено два пати.  На вечерашниот спектакл фестивалот Skopje Calling покрај Гета ќе настапи германскиот суперстар диџеј Робин Шулц и Ера Истрефи, светската музичка сензација.

Фото: Телма