На клиниката за Гинекологија во Скопје една родилка е позитивна на Ковид 19, но била безбедно породена со царски рез и бебето се наоѓа на интензивна нега, информираа за Телма од Клиниката. Бебето е на интензивна нега, бидејќи породувањето било предвремено извршено. Персоналот ги презел сите потребни мерки според протоколот за заштита од корона вирусот.
Уште една родилка дошла со компликации и сепса, која предизвикала смрт кај бебето. Гинеколозите сметаат дека во овој случај не се работи за корона вирус, но сепак и таа ќе биде тестирана за Ковид 19.
Претходно Канал 5 објави, а Скопје Инфо ја пренесе веста дека две штотуку породени жени во Скопје, инфицирани од Ковид19, едното бебе починало.