На кеј на Вардар наместо во перална за автомобили

Во фејсбук-групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ се објавени фотографии од несекојдневна ситуација, поради која не можеме да одолееме на прашањето „Зошто се случуваат вакви работи?“

Автомобилот се наоѓа во пешачка зона покрај реката Вардар, а од фотографиите се гледа дека две лица земаат вода од реката и ја перат колата. Исто така, нешто вадат од багажниот простор, но не фрлиле никаков отпад во водата. 

Човечката „креативност“ веќе ги надминува сите можни граници.