На кафе со Владимир Блажев - Панчо

Талентиран, успешен, позитивен и секогаш искрен , Владимир Блажев AKA DJ Шорти или Панчо од дуото ДНК.

Кога би бирал само една, која песна од ДНК би била совршена за позитивен почеток на денот?

Најмила дефинитивно.

Со каква музика го пиеш првото кафе?

Не пијам кафе и не слушам музика на сабајле бидејќи шансите да сум пуштал музика и да сум се изнаслушал пред спиење биле 80%, така да место кафе претпочитам тишина и смуди.

Која е твојата асоцијација на скопско утро?

Комарец 

Во кој период од годината Скопје ти мами најмногу насмевки?

Скопје ми е љубов и така ќе остане се додека не се разделиме физички еден ден. Каде и да сум Скопје ми фали, а насмевка ми изнудувало и во најтажните мои денови. Ако треба да бирам по месеци ќе кажам дека тоа е Октомври и Мај. 

Викендите во Скопје се посебни затоа што..

Затоа што од неодамна почнаа неселните барбикју забави во дворот на “Three Kitchen” каде што има прекрасни луѓе.

Дали постои дел, локација од Скопје кој повеќе го нема за кој им раскажуваш на твоите синови?

Старата сала на МЗТ, големиот фудбалски терен во Аеродром кој го нарекувавме “маракана” а сега има банки, угостителски објекти и многу бетон, чичко Стоилко и ако продолжам да пишувам ќе треба десет страни да ми биде ова интервју :)

На Скопје му недостасува…

МНОГУ ЗЕЛЕНИЛО, велосипедски патеки и воспитани и културни луѓе.

Скопје во само три зборови…

Асфалтирано незаменлива љубов :)

Какви ангажмани те очекуваат оваа есен? Дали може да очекуваме новини од ДНК?

Уф и тоа како. По летната турнеа (имавме преку 15тина настапи ) крај на септември идеме надвор од земјата да снимаме нов спот за нова песна , до нова година планираме уште еден сингл и нормално многу зимски настапи. 2020 прв квартал очекувајте unplugged концерт во МОБ или Филхармонија по повод 18 години постоење и славење на полнолетство.