На кафе со Јана Бурческа

Поп-пејачка, тв водителка, девојка од Скопје која го обожава мирисот на липите покрај Партизанска од Карпош 1 до Карпош 4.

Како го започнуваш денот? Дали имаш некои утрински ритуали?

Според дефиницијата на терминот ритуал изгледа дека единствено турското кафе наутро ми е ритуал. Секое утро ми е различно, во зависност од плановите за актуелниот ден и ја обожавам таа динамика.

Која е твојата асоцијација на скопско утро?

Мирис на липа и кафе.

Во кој период од годината Скопје ти мами најмногу насмевки?

Липите покрај Партизанска од Карпош 1 до Карпош 4 секоја пролет и секоја есен.

Викендите во Скопје се посебни затоа што..

Градот има слобода да биде жив и ечи џагор, а ние конечно имаме време да се справиме со својот (не)креативен хаос.

На Скопје му недостасува…

Почит од своите жители. Треба повеќе да си го сакаме и негуваме градот, верувам дека тоа ќе резултира со взаемен бенефит. Да почнеме со мали промени од страна на многу луѓе, на пример денес изгасете ја цигарата во корпата за отпадоци, наместо од тротоарот.

Скопје во само три зборови…

Детство, дом, другарства.

Кои се твоите следни работни ангажмани, на какви/кои проекти ќе работиш наредниот период?

Продолжувам да ја поддржувам македонската авторска музика и артисти како дел од тимот на Стисни Плеј, а неодамна го презедов првиот чекор за ослободување на својот музички гејзер.