На кафе со Фросина Фран Ангеловска

Модна дизајнерка, стилистка, шминкерка , сопственичка на модното студио „Фран“

Како изгледа едно утро на Фросина Ангеловска? Дали имаш некои утрински ритуали?

Сани мама Сосе! е најслаткото будење на целиот свет.... па кафе во кое безусловно уживам, потоа пијам една чаша вода и една рака витамини, апсолутно неизоставни периодов,брзински се припремам за на работа,појадокот го земам по пат и го започнувам денот... пред корона ерата во рутината ми беше и задолжително шминкање,но сега зависи од тоа колку ми е покривна маскатаJ

Која е твојата асоцијација на скопско утро?

Бидејќи живеам на ултра прометен булевар, асоцијација за скопско утро ми е сообраќајната врева, растрчаните скопјани и преполните пекари со пецива.

Во кој период од годината Скопје ти мами најмногу насмевки?

Пролет и улицата Максим Горки со преубавите црешови дрва.

Омилена скопска викенд дестинација?

Би рекла Матка, но никако преку викенд бидејќи гужвата го убива секое расположение, истото важи и за Парк и за Водно... тоа се места во кои преферирам да уживам преку недела кога е порелаксирано, а викенди се лоцирам во Соње кај тетките.

На Скопје му недостасува…

Еден убав УБАВ Луна парк со многу повеќе акција, ролеркостери maybe?!

Скопје во само три зборови…

Чаршија, Симит, Водно.

Се соочуваме со глобална пандемија која драстично влијае на животот на сите нас. Дали новонастанатата ситуација донесе и нови навики во работењето и секојдневното реализирање на обврските?

Да, драстично, посебно за нас, чија работа е поврзана со настани (свадби, матури,евенти и сл) , беше многу тешко да се најдат ангажмани кои ќе бидат доволни за да се одржиме, но сега еве живнува се по малку, ни се враќа надежта.

Дали COVID-19 и периодот кој го поминавме во карантин беа идеален период за креативно остварување?

Од друга страна пак, Корона- времето иако за мене донесе многу предизвици, истовремено ми пружи шанса во тој безработен период да се посветам на една моја долгогодишна желба и конечно да и дадам живот на идеата да создадам плус-сајз линија.

Кои се твоите следни работни предизвици?

Сакам да му се посветам на ова што го започнав - линијата за покрупни дами, бидејќи сепак тоа е мојата примарна професија и не би ми пречело воопшто ако ова се развие во нешто поголемо. Но истовремено со душа чекам да се вратат настаните во полн сјај за да можеме пак безгрижно да си се шминкаме и разубавуваме.️