На кафе со Емилија Попjордановска, консултант за осигурување во Еуролинк

Емилија Попјордановска - консултант за осигурување во Еуролинк, млад човек кој живее здрав и активен спортски живот.

Која е Емилија Попјордановска што вклучува твојата работа во Еуролинк?

 Дипломиран економист на департман финансиски менаџмент, професионална одбојкарка и фитнес инструктор. Секогаш сум посветена на тоа што го работам, па верувам дека успехот и задоволството се неизбежни. Слободното време кое ми преостанува во текот на неделата сакам да го поминувам со најблиските или да одам на Водно. Веќе петта година работам во Еуролинк осигурување, во Секторот за продажба, како консултант за осигурување. Секојдневните работни задачи се грижата за клиентите, контакт со постојани и нови клиенти, креирање на понуди, одржување на состаноци, асистенција за клиентите доколку имаат потреба при пријава на штета, при користење на нашиот веб сајт или мобилната апликација.

Еуролинк осигурување е осигурителна компанија која на своите клиенти им нуди едно поинакво корисничко искуство преку директна комуникација која е на високо ниво, која е целта на директниот контакт консултант – клиент и каква е вашата улога во тоа?

Еуролник има работни места за консултанти за осигурување со цел да овозможи квалитетна директна комуникација помеѓу нас и клиентите. Идејата на ваквата релација е што подобро да се разбере потребата на секој клиент и да се понуди најдоброто решение. Навистина речиси секој клиент има различни потреби и побарувања, но од друга страна сите имаат иста цел – да си обезбедат сигурност и заштита за работите во кои вложиле труд, време и пари. Нашата улога како консултанти за осигурување е тоа да го овозможиме ефикасно и квалитетно.

Брзата и квалитетна услуга се карактеристични за вашата компанија, какви вредности споделува продажната мрежа на Еуролинк кога се во прашање клиентите?

Продажната мрежа на Еуролинк осигурување можам да кажам дека несомнено се наоѓа на врвот со услугата и начинот на работење. Вредностите што нѐ водат при комуникација со клиентите се транспарентност, флексибилност, грижа и најважно од се достапност. Ние сме достапни 24/7 за нашите осигуреници. Всушност среќни сме кога нашите клиенти се задоволни од услугата, кога имаат доверба во нас и кога ќе ни се обратат за совет, за да го одберат најсоодветното решение за заштита на своите семејства, вработени, имот или бизнис.

Вие сте секојдневно во контакт со граѓаните, каква е свесноста за осигурување кај нив?

Реалната слика за свесноста на граѓаните е дека сѐ уште владее голема неинформираност за придобивките од поседување на полиса за осигурување и на некој начин недоверба кон осигурителните компании. Сѐ уште најзастапени се задолжителните осигурувања за автоодговорност и осигурување на имот поради хипотекарен кредит. Радува фактот што сепак има пораст во интересот за други класи на осигурување, како што е доброволно осигурување на имот, приватно здравствено осигурување, колективно осигурување на вработени, патничко осигурување... Вложуваме многу енергија во тоа да ги информираме граѓаните дека да се заштитат највредните работи во животот значи да се подигне и квалитетот на живеење, стандардот. Финансиската сигурност при непредвидени ситуации носи стабилност и што е најважно многу помалку грижи.

Приватното семејно здравствено осигурување е еден од производите на Еуролинк, кажи ни нешто повеќе околу оваа услуга и продобивките за нејзините корисници.

Приватното семејно здравствено осигурување е уникатен продукт, кој нашата компанија беше доволно иновативна и храбра да го донесе за прв пат на нашиот пазар пред 6 години. Од тогаш до денес сме лидери во оваа класа затоа што ја имаме најдобрата понуда, но и најдобрата услуга што е од особена важност кога е во прашање приватното здравствено осигурување. Сепак тоа е продукт кој често се користи, а се работи за здравјето на граѓаните.

 

 

Се работи за дополнително здравствено осигурување, кое може да се склучи како индивидуална или семејна полиса. Поттикнати од потребата на граѓаните за квалитетна здравствена услуга, која се почесто се бара во приватните клиники, креирани се пакети кои освен болничко и амбулантно лекување овозможуваат покритие за породување, офталмологија и стоматологија. Битна карактеристика на овој продукт е директната исплата кон болниците, со што се намалува оптеретувањето на семејниот буџет. Овој продукт е наменет за млади семејства кои се подготвени да купат производ што обезбедува квалитетно и навремено користење на здравствени услуги во здравствени установи по нивен избор, покритие од полесни интервенции, па сѐ до тешки болести и малигни заболувања. За прием во осигурување потребно е да се пополни само здравствен прашалник за секој член и да се одбере пакет кој ќе биде најпогоден за клиентот.

Гледаме дека работата ја работиш со големо задоволство и посветеност. Што е она што тебе те исполнува и прави среќна на ова работно место и во работата?

Работам во рамки на супер тим, колеги и колешки со кои споделуваме секојдневие, и службено и приватно. Навистина ми е многу мило што имаме една убава енергија во канцеларија, ги споделуваме сите успеси и си помагаме меѓусебно доколку има пад во работата, што е составен дел во секој бизнис.

Како спортист, нормално омилен дел ми е кога имаме  тимски натпревари и сите заедно сме фокусирани и мотивирани да го исполниме таргетот, да бидеме први и да ја освоиме наградата која следува. Деновите се многу динамични и со работата запознавам многу луѓе, бизниси, успешни приказни и за мене тоа е вистинско задоволство. Ме исполнува сознанието дека со својата работа придонесувам за сигурноста на клиентите и на некој начин заштедуваат на време бидејќи знаат дека можат да добијат комплетна услуга за осигурување, токму со еден повик кај својот консултант.