На кафе со Елена Стојановска

Речиси секое утро од рано наутро денот на ранобудниците им започнува со утринската „Ја сакам Македонија“, а за содржините на овој телевизиски формат е задолжена Елена Стојановска. Таа долго време е дел тимот на оваа утринска емисија, а од неодамна и уредник на оваа програма.

Првото кафе го пијам со...

Е, ова е многу лесно. Речиси секое утро сум на програма во нашата утринска „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ, па првото кафе го пијам со мојот колега Марјан Ников. Морам да кажам дека тој како вистински џентлмен скоро секогаш го прави кафето за нас двајца. Тој е љубител на турско кафе, па јас тука правам компромис и заеднички уживаме во овој утрински напиток.

Скопје е најубаво во...

Пролет! Јас го сакам нашиот град, со сите негови убави страни и недостатоци. Во секој случај некако најубаво ми е Скопје на пролет кога цветаат липите, природата оживува и сите некако како да се будиме од зимски сон. 

Викендите во Скопје се посебни затоа што....

Мене ми се посебни затоа што тие два дена ми се неработни и со душа ги чекам. Е тогаш пијам кафе со мојата љубов, најчесто во кафулето во нашата зграда. Имаме фантастични дружби со нашите пријатели, се шетам со мојата ќерка Илина и уживам во нејзиното растење. Често знаеме и да прошетаме на некои наши омилени места, а со оглед на тоа дека Илина има свои фаворити најчесто одиме каде што сака таа, а тоа е градскиот парк. 

Најубавиот кафе муабет ми е со...

Другарките! Дефинитивно! Имам неколку другарки со кои сум многу блиска и сме неразделни. Мислам дека денес е вистинска реткост да имате искрен однос и цврсто пријателство. Јас сум многу горда на моите другарки и многу го негувам тој однос. 

На Скопје му недостасува...

Ах, од каде да почнам... Базени, места за рекреација, повеќе паркови за миленици, многу повеќе зеленило, велосипедски патеки .  Па потоа, вистинска сала за концерти која ќе биде центар на многу интересни случувања и ќе го збогати културното живеење. 

Nike Paul George PG3