На кафе со баба Драгица

Запознајте ја баба Драгица, најпознатата баба од Србија, омилена баба на Инстаграм, пензионерка, домаќинка...

Баба Драгица, кога и како почнува твојата Инстаграм приказна?

Право да ви кажам, не ни знам точно кога почна ова лудило, можеби пред две години. Марко ме снимаше, потоа отидов во продавница и таму сите ме зезаа. Ми рекоа дека сум луда и позитивна.

Дали очекувавте дека ќе стекнете толкава популарност?

Јас и понатаму не сум свесна ниту знам зошто луѓето ме сакаат, јас сум една обична баба и цел живот тоа ќе бидам. Не очекував толку голема популарност.

Дали имате омилено видео кое го имате снимено со вашиот внук?

Најмногу сакам кога он ми пее, немам омилено, но секогаш се шегувам со него кога ќе заврши со пеење. Ние целиот живот така се шегуваме.

Баба Драгица, според тебе, кој е рецептот за успех на социјалните медиуми?

Како и за се во животот, да бидете искрени, немој да се фолирате и да глумите. Секогаш кажувајте ја вистината, тоа луѓето го ценат.

Во Србија, како и во Македонија, секојдневно има високи бројки на нови позитивни случаи на Covid- 19. Дали се грижите за себе, како ги поминувате деновите?

Ауу деца, ова е страшно. Никаде не одам, само седам со моите деца и чекам овој хаос да помине. Чувајте се луѓе, кога се чувате и Бог ве чува.

Во Македонија сте навистина популарни и имате голем број на обожаватели. Дали некогаш сте биле во Скопје, на што прво помислувате кога ќе помислите на Македонија?

Никогаш не сум била, но имав многу колешки од Македонија кога работев во Австрија и сите ми кажуваа дека Скопје е многу убаво. Македонците секогаш беа вредни и весели луѓе, кои секогаш би помогнале ако се најдете во неволја.