На исто место во два различни термини приведени две лица поради поседување на марихуана

На 17.12.2022 во 23.20 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.12.2022 во 15.10 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слободаС.Р.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.