На гробиштата во Драчево се гори ѓубрето на отворено

На гробиштата во Драчево се гори ѓубрето кое се собира околу гробовите. Граѓани од оваа населба алармираат дека ова станува пракса подолго време и никој ништо не презема. 

- Никогаш до сега немав помислено да извадам телефон и да сликам на гробишта. Ова се слики од гробиштата во Драчево. Се пали отпад и гори неконтролирано, наместо да биде собрано од некое комунално претпријатие. Ова е една од многуте причини зошто Драчево се гуши - објави на социјалните мрежи загрижен граѓанин на населбата Драчево објавувајќи фотографии од состојбата на гробиштата.