На граничниот премин Блаце не се пропуштаат возила

Сообраќајот кон Граничен премин Блаце е во прекин во двата правца поради одрон во близина на местото Вражји Вир и не се пропуштаат возила на преминот.

-На патот кон ГП Блаце има одрон во близина на местото викано Вражји Вир. Сообраќајот е во прекин во двата правца. На граничниот премин не се пропуштаат возила бидејќи кај местото на одронот се уште не е проодно, соопшти АМСМ.