На граница се чека долго

Според извештајот на АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Денеска на ГП Табановце и на ГП Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.