На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор

На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор, соопшти МВР по повод огромните гужви на граничниот премин Богородица-Евзони.

МВР јави дека во делот на Република Северна Македонија нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчката страна.

Инаку, дел од возачите се излезени од своите возила, а останатите свират во знак на револт поради долгото чекање.

Од седум ленти за пропуштање на возилата низ граница, работат само три. Колоните се од едната до другата страна на границата, со што станува невозможно да се пропуштаат возила од македонска кон грчка страна.