На ГП Табановце се чека еден час, на Богородица до 30 минути

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава на ГП Табановце е околу еден час, а за излез на ГП Богородица 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.