„Да бидеш млад, а да не бидеш револуционерен, е спротивно на законите на биологијата!” Проблемот е многу повеќе од студентскиот оброк. Проблемот лежи во намерата за ништење на студентот. Пред сѐ, најавата за намалување на и така малите стипендии, грозоморните услови во студентските домови…, велат организаторите на „Студентскиот отпор“.
Ако владините функционери трошат народни пари на луксуз, студентите заслужуваат нормални услови и студентски оброк! - порачаа студентите вчера на протестот пред Собрание.
Еве какви пораки упатија тие!