Германија го преполовува бројот на работни дозволи за граѓаните од Западен Балкан. Наместо досегашните 50.000 дозволи, новиот план предвидува дозволи за само 25.000 работници годишно, со цел контрола на имиграцијата и намалување на притисокот врз пазарот на труд.
Според агенциите за посредување при вработување, моменталната побарувачка за работна сила во Германија е значително намалена, а многу сектори, вклучително и градежништвото, веќе не вработуваат во истиот обем како претходно.
Од Германија веќе стигна предупредување дека ваквото намалување на квотите може да доведе до сериозен недостиг на работна сила. Секторите како градежништво, здравствена грижа и угостителство изразуваат загриженост дека овие мерки ќе го влошат проблемот со дефицитот на работна сила.
Досега, според Регулативата за Западен Балкан, секој неквалификуван работник можеше да замине во Германија доколку има понуда за работа. Единствено беше потребно работодавачот да потврди дека нема кандидати од Германија или ЕУ за таа позиција.
Но новата владина коалиција притистната од незадоволството што кулуминираше во последните години поради неконтролираниот прилив на работници, планира да ги заостри критериумите за издавање на дозволи.Иако преговорите за новата коалиција сè уште траат, се очекува конечна одлука во наредните месеци.