На Германија ѝ недостигаат занаетчии: Се бараат лимари, молери и водоинсталтери - платата е над 3.500 евра

На Германија ѝ недостигаат занаетчии, иако месечната плата на мајсторите се движи од 3 500 до 5 500 евра. Поради недостиг на занаетчии, германските граѓани уште сега во просек чекаат над десет недели за некои занаетчиски услуги, а ситуацијата во блиска иднина би можела да се влоши. 

Во моментов најмногу недостигаат лимари, водоинсталатери и монтери на централно греење.

Сѐ помал број млади луѓе се одлучуваат за занаетчиска професија, како водоинсталатер, молер или паркетар, така што се создал акутен проблем со недостиг на експерти.

Здружението на германски занаетчии укажува дека моментално има толку многу работа што занаетчиите се присилени да го одбиваат извршувањето на услугите ако не доаѓа од постојани клиенти.

„Секоја година ни недостигаат од 15 000 до 20 000 приправници. Проблемот би можел дополнително да се влоши во наредниот период кога се очекува голема промена на генерациите во германските занаетчиски работилници“, вели претседателот на Здружението на германски занаетчии, Ханс Питер Волсеифер.