На ГАК се повеќе трудници позитивни на коронавирус

Расте бројот на позитивни бремени  жени на Клиниката за гинекологија и акушертство, пишува Канал 5.

Во моментов 11 трудници се примени на ГАК, кои се позитивни на коронавирус. Претежно, тие се со лесни симптоми, но има и пациентки на кои им е потребен посериозен пристап во лекувањето. 

Притоа, доколку порасне бројот на позитивни трудници, родилките ќе треба да бидат сместени во други клиники. 

Инаку вчера беше регистриран нов рекорд на новозаразени од Ковид 19 . Регистрирани беа 2.341 нови случаи, а позитивни биле 37,8% од тестираните.

Ова е највисок број пријавени позитивни на дневно ниво досега, претходно беше на 17 јануари – 2.267.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 308 реинфекции, а еден е заразен по трет пат.