На Фејсбук само после петто оделение!

Најчувствителен терен е оној во тинејџерските години, кога децата се борат за своја слобода и самостојност, а немаат доверба во родителите.

Истражувањата покажуваат дека децата во прво и второ оделение во основно училиште веќе се активни на свој Истаграм или Фејсбук профил.

Една од големите родителски дилеми е дали на децата треба да им се дозволида отворат профили на социјалните мрежи и ако веќе е неминовно, на која возраст. Истражувањата покажале дека децата од прво и второ оделение основно училиште активни се на Истаграм и Фејсбук.

Психологот Марк Зекони вели дека тоа е прерано, и дека родителите треба да им објаснат дека тоа не е за нив и дека ќе мора да почекаат барем до пето оделение. Но и во тие години важно е возрасните да имаат шифра на профолот на своите деца како би ги следеле што работат, на кого праќаат пораки и со каква содржина. Најчуствителен терен е оној во тинејџерските години, кога децата се борат за своја слобода и самостојност, а немаат доверба во родителите, притоа кријат  од родителите секоја сеоцијална комуникација, со што родителите само можат да насетат како го поминуваат времетио на интернет.

- Меѓутоа, за да ги заштитат, родителите мора да најдат приод и на суптилен начин да воспостават контрола над активностите на децата. Дозволено е, ако се посомневаат, отворено да ги шпијунираат. Нека знаат дека во се ги следите, со што ќе бидат по внимателни и нема да прифаќаат сомнителни покани за пријателство, нити ќе праќаат непримерни пораки – советува Зекони.