На Евросонг најбитно е да погодиш кој е машко кој женско...- реакции на Македонците

Македонската претставничка Андреа Коевска со песната „Circles“ не влезе во финалето на Евровизија. Таа настапи синоќа во второто полуфинале од изборот за песна на Евровизија, што се одржува во Торино, а многумина се задоволни од тоа како испеа таа на сцената. 

Од екс-ју земјите во финалето оди белградската музичарка Ана Ѓуриќ позната по нејзиното уметничко име Констракта со песната „In corpore sano“ која се смета за фаворит за победник на годинешниот Евросонг. 

Евровизиското шоу и натаму е фестивал кој предизвикува големо внимание во јавноста. Од квалитетна уметност и спектакуларни настапи, до контроверзни ликови и појави кои се предмет на шега и потсмев во нашите општествени кругови...

Еве што вели македонската јавноста за Евросонг: 

-На Евросонг најбитно е да погодиш кој е машко кој женско...

-Подгответе се за Евровизија во Белград следната година. Констаракта - која боја на глас, која појава, која моќна порака, наместо силикони, голотија и бесно танцување...

-Eвровизија не е тоа што некогаш беше Евровизија. За жал, повеќе не е место за таленти, туку мора по секоја цена да се направи гаф, да се исценира нешто чудно, контроверзно и тоа да се пласира пред цела Европа.