На два месеца пред одржување на Галичката свадба никој не го поправа главниот пат во Галичник

На само два месеца пред одружување на традиционалната Галичка свадба никој не го поправа главниот пат што поминува низ Галичник. Имено патот остана непрооден и пропаднат како последица на големото свлечиште на 26 април. Во меѓувреме Месната заедница иако прави напори ова да се санира сепак нивните обиди се безуспешни.

Како што информираат од МЗ Галичник тие најпрво испратиле допис до општината Маврово и Ростуше за санација на патот но од таму стигнал одговор дека не можат да го решат проблемот. По ова, месната заедница ја замолила општината барем да испрати допис до Владата и до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со барање патот да се поправи.

Ако не се среди патот, до 13 јули кога се одржува Галичката свадба и кога се очекува во селото да присуствуваат голем број посетители од земјава и странство тогаш несомнено ние како држава ќе се посрамотиме и ќе ја покажеме целата неспособност и негрижа кон традиционалните и културните вредности.