На Деве Баир фатен возач кој криел поголема сума пари

Царинските инспектори пронашле 100.000 швајцарски франци при контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир.

Според информациите на Царинската урава, на овој граничен премин, за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул.

При извршена детална контрола и претрес на возачот, во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.

Парите се одземени, а против пријавеното лице ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд во Крива Паланка.