На депонијата во Ѓорче Петров секој ден се истура ново ѓубре кое понатаму се пали

Додека загаденоста на воздухот во Скопје руши светски рекорди депониите во и околу градот работат под полна пареа. 

Жители на Ѓорче Петров постојано алармираат дека дивата депонија околу пречистителната станица во Ново Село е главниот проблем кој влијае најмногу во овој дел од градот на (не)квалитетот на воздухот. 

И покрај постојаните апели да се превземе нешто од локалната власт за да се затвори оваа депонија, наместо тоа, секојдневно на депонијата се истура ново ѓубре со огромни камиони кое потоа се пали од други лица. 

До сега никој ниту е фатен на локацијата ниту пак е преземено нешто од локалната власт во насока на превенција или ограничување на фрлањето ѓубре на оваа локација.