Денеска во 01.30 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата, во камион „сканиа“ со полски национални ознаки, управувано од О.М.К.(42) од Република Полска биле пронајдени двајца мигранти од Авганистан.
Во разговор со полицијата возачот кажал дека мигрантите влегле во возилото кога тој правел пауза. Тие биле спроведени во Прифатно – транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка.