На „Богородица“ спречен обид за шверц на 12.5 тони овошје и зелечнук

Царински службеници на граничен премин Богородица спречиле обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари, информираа денеска од Царинската управа.

Имено, при контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени биле над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 килограми брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 килограми печурки кои не биле пријавени со царинската декларација.

„Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е запленета, а против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, посочија од Царинската управа.