На „Богородица“ се чека околу еден час за излез од државата - еве каква е состојбата на другите гранични премини!

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитет на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, информираат од АМСМ.

На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.