
Со завршувањето на месец ноември, официјално истече и договорот на селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски.
Од Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) засега нема конкретни информации, но проценките се дека во следниот период македонските репрезентативци ќе ги предводи нов човек.
Инаку, Милевски беше врзан со договор до 30 ноември, односно до крајот на квалификацискиот циклус.
Тешкиот пораз од Велс во Кардиф (7-1) ги засили перцепцијата и гласините дека разделбата ќе биде неизбежна по истекот на договорот.